Од 1-ви февруари електронска заверка за ортопедско помагало
Со новата електронска услуга – електронска заверка за ортопедско помагало, осигурениците нема потреба да доаѓаат во подрачните служби во ФЗОМ и да чекаат на шалтери...

Директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски денеска најави дека февруари ќе биде месец на електронски услуги и ја објави првата е-услуга што се однесува на осигурениците кои користат ортопедски помагала.
Со новата електронска услуга – електронска заверка за ортопедско помагало, осигурениците нема потреба да доаѓаат во подрачните служби во ФЗОМ и да чекаат на шалтери бидејќи специјалистот и матичниот лекар ќе може да ја издаваат и заверуваат потврдата од ординација, односно од нивното работно место, рече Стефаноски.
За остварување на ова право во 2015 година се направени 145 илјади заверки на потврди за ортопедски помагала.
Од 1 февруари 2016 година, за сите овие осигуреници услугите ќе бидат достапни и по електронски пат и нема да има потреба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот, потенцира Стефаноски.
Според него, со електронските услуги се дава можност на брз и ефикасен начин услугите да бидат достапни за сите осигуреници, фирми и здравствени работници.
