ПРАВИЛНИК за начинот и условите за издавање на костими од фундусот на МРТ

29.01.2016 16:03

П Р А В И Л Н И К

за начинот и условите за издавање на

костими од фундусот на МРТ

 

Февруари, Скопје 2012

 

Врз основа на член 138 став 1 алинеа 9  од Законот за радиодифузна дејност (Сл.весник на РМ бр.100/2005), и член 46 став 1 алинеа 9 од Статутот на ЈП МРТ бр. 01-4489/1 од 11.07.2006 год., Управниот Одбор на ЈП Македонска Радиотелевизија на 14-та седница одржана на 16.02.2012 година,  донесе

 

 

П Р А В И Л Н И К

за начинот и условите за издавање на

костими од фундусот на МРТ

 

 

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

             Со овој Правилник се утврдува начинот и условите за издавање на костими од фундусот на МРТ.

 

Член 2

            Начинот за издавање на костими од фундусот на МРТ ќе се спроведува со:

-       Поднесување на писмено Барање за издавање на костими од фундусот на МРТ од страна на барателот до Секторот за логистика на МРТ.

-       Секторот за логистика треба да побара писмено одобрение од Работоводниот орган на МРТ.

-       Работоводниот орган на МРТ го издава одобрението писмено во рок од  три дена во писмена форма и го доставува до Секторот за правни работи за изработка на Договор.

-       Секторот за правни работи се задолжува најкасно, во рок од 8 дена да го изработи Договорот за издавање на костими од фундусот на МРТ.

 

Член 3

            Издавањето на костими од фундусот на МРТ ќе се спроведува само доколку Барањето за издавање на костими од фундусот на МРТ е поднесено за задоволување на потребите:

-       на Продукциска куќа за снимање на серии, документарци, народни приказни, филмови и други видео записи од слична природа

-       за Копродукција на МРТ со копродуцент, преку склучен договор за копродукција

-       и други слични потреби од јавен интерес, определени со Закон.

 

2. ЦЕНА НА УСЛУГИТЕ

 

Член 4

            Вредноста за издавање костими – без посебна стилска обработка ќе се одредува на следниот начин:

-       за првите 10 (десет) дена  цената од парче, изнесува 50 денари.

-       за вторите 10 (дена) дена цената од парче, изнесува 30 денари.

-       за период од 21 до 30 (дваесети еден до триесет) дена цената од парче, изнесува 20 денари.

-       секој понатамошен ден над 30 (триесет) дена цената по парче изнесува 10 денари.

 

Вредноста за издавање на посебни костими (стилски, старогратски, селски – носии и сл.) со посебна стилска и рачна изработка, се определува врз посебно стручно мислење на овластен проценител.

 

3. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

 

Член 5

            Изнајмувачот е должен пред склучувањето на Договорот и подигнувањето на костимите да достави до МРТ банкарска гаранција во износ од вредноста на издадените костими.

            Проценката на вредноста на издадените костими ја вршат задолжените работници од фундусот, а ја одобрува Работоводниот орган на МРТ.

            Врз основа на проценетата вредност, како и по добиената банкарска гаранција се изготвува Договор за изнајмување.

 

4. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

 

Член 6

            По завршување на рокот за кое се издадени костимите, изнајмувачот треба да ги врати неоштетени, со потврда од хемиско чистење.

            Доколку изнајмувачот ги оштети издадените костими од фундусот на МРТ, треба да плати реална штета, односно надомест во зависност од видот на костимот и неговата реална вредност утврдена од овластен проценител.

 

Член 7

            Средствата добиени по основ на издавање на костимите, се користат исклучиво за заштита и унапредување на културното богатство, заради збогатување на фундусот на МРТ.

 

5. ИЗНАЈМУВАЊЕ НА КОСТИМИ БЕЗ НАДОМЕСТ

 

Член 8

            Со посебна Одлука на Управниот одбор на МРТ, а за Проекти од интерес на МРТ и за Проекти од јавен интерес може да се издадат костими и без надомест.

 

6. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 9

            Предлог за изменување и дополнување на овој Правилник доставува Работоводниот орган на МРТ, а го усвојува Управниот Одбор на МРТ.

 

           

Член 10

            Овој Правилник стапува во сила осмиот ден од денот на објавување на огласна табла на МРТ.

 

Управен Одбор на МРТ

Претседател

М-р Крсто Скубев