ПРАВИЛНИК за изменување и дополнување на Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци
П Р А В И Л Н И К
за изменување и дополнување на
Правилникот за техничките и организациските
мерки за обезбедување тајност и заштита на
обработка на личните податоци
Скопје, март 2012 година
Врз основа на член 23 став 4 од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Македонија бр.7/05 и 103/08), Управниот одбор на ЈП МРТ на 19-та седница одржана на 30.03.2012 година, донесе
П Р А В И Л Н И К
за изменување и дополнување на Правилникот за техничките
и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита
на обработка на личните податоци
Член 1
Во Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци бр.02-7945/1 од 30.12.2011 година зборот “корисник“ се заменува со зборовите “овластено лице“, а зборовите одговорно лице за заштита на личните податоци се заменуваат со зборовите “офицер за заштита на личните податоци“
Член 2
Во членот 3, став 1 по алинеата 2 се додава нова алинеа 3 која гласи:
“- високо ниво“.
Член 3
Во членот 3 по ставот 2 се додаваат два нови става 3 и 4 кои гласат:
“За документи кои содржат матичен број на граѓанинот задолжително се применуваат техничките и организациските мерки кои се класифицираат на основно и средно ниво.
За документите кои се пренесуваат преку електронско комуникациска мрежа, а содржат посебни категории на лични податоци и/или матичен број на граѓанинот задолжително се применуваат технички и организациски мерки кои се класифицираат на основно, средно и високо ниво“.
Член 4
По членот 3 се додава нов член 3-а кој гласи:
“Контролорот врши евидентирање и ја чува целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и сите негови промени“.
Член 5
По член 8, став 1, алинеата 1 се менува и гласи:
“-Правила за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и овластените лица“.
Член 6
По член 14 се додаваат 4 (четири) нови членови “14 а, 14 б, 14 в, 14 г, кои гласат:
Член 14-а
Обврските и одговорностите на секое овластено лице кое има пристап до личните податоци и обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот пристап се дефинирани и утврдени во Правилата за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и овластените лица.
Член 14-б
Начинот на евидентирање на секој инцидент времето кога се појавил, корисникот кој го пријавил, на кого е пријавен и превземените мерки се уредени со Правилата за пријавување, реакција и санирање на инциденти.
Член 14-в
Постапките и процедурите за управувањето, уништувањето како и за бришењето или чистењето на медиумот се определени со Правила на начинот на уништување на документите, како и за начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите.
Член 14-г
Постапките и процедурите на правење на сигурносни копии како и начинот на чување се регулирани во Правила за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци.
Член 7
Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци влегува во сила со денот на донесувањето.
УПРАВЕН ОДБОР НА ЈП МРТ
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Дарко Стефановски
