Нема ризик од Зика вирусот во Македонија

29.01.2016 16:59

Во Македонија во моментов нема ризик од Зика – вирусната инфекција, смируваат лекарите. Постои можност, ако некој патувал во земја каде што е присутен овој вирус, да го донесе со себе. Комисијата за заразни заболувања донесе одлука – веднаш да се почне постапка за набавка на реагенси и тестови. Во март, ќе се прска против комарци, кои се преносители на вирусот...

Минимални се можностите Зика вирусот да се појави  во земјава, смируваат лекарите. Но, тоа не значи дека надлежните не треба да бидат подготвени. Комисијата за заразни болести излезе со конкретни мерки и активности.  Вирусот се пренесува преку комарец, во март ќе се спроведе акција за прскање.

За сите што се враќаат од овие земји, доколку во рок од три недели почувствуваат симптоми на зголемена температура, конјуктивитис, болки во мускулите и зглобовите, да побараат медицинска помош.

Во Македонија ќе бидат преземени сите мерки на превенција и едукација на населението, велат надлежните. На сајтот на Институт за јавно здравје ќе бидат објавени препораките.

СЗО не препорачува рестрикција на патување земјите каде што постои вирусот.

 

Наташа Јанчиќ