Надзорна посета на УБК и АР во февруари

29.01.2016 17:02

Собранието ќе бара информација од безбедносните служби за превенција од тероризмот. Иницијатаивата на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ доаѓа по случувања во Париз кои го вознемирија светот и предизвикаа подигнување на нивото на безбеност во многу земји...

Тероризмот како глобална закана во светски рамки, особено по нападите во Париз и Истанбул, повод членови на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање да расправаат по информацијата што ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

И власта и опозицијата се согласија да остварат работни посети на безбедносните служби. На 5-ти и 9-ти февруари годинава изворно да се запознаат со досегашните мерки кои ги преземале Управата и Агенцијата, но и за идните превентивни планови за заштита од можни терористички напади на македонско тло.

Од Комисијата побараа од првите луѓе на двете институции да им ги достават извештаите за работата на службите за минатата година и програмата за работа за годинава.

 

Игор Панов