Седници на четири собраниски комисии
Комисијата за образование, наука и спорт меѓу другото ќе го разгледува и предлог-законот за основање на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во второ читање.

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисиите за образование, наука и спорт, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за образование, наука и спорт меѓу другото ќе го разгледува и предлог-законот за основање на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во второ читање.
Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе разгледуваат 27 точки, меѓу кои дополнувањата на законот за градежно земјиште и на законот за градење, двата во второ читање, како и предлог-измените на законот за домување, на законот за комунални дејности во прво читање.
