Се преврте автобус кај Ранковце, повредени 26 патници
03.02.2016 10:30
Од 45-те патници, 26 лица се повредени, од кои петмина се здобиле со потешки повреди. Им била укажана лекарска помош и се задржани на лекување во Медицинскиот центар во Крива Паланка.

Синоќа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај селото Опила, Општина Ранковце, 48-годишен возач на бугарски автобус изгубил контрола врз возилото, излегол надвор од коловозот и слетал на земјена површина. Автобусот удрил во дрво и се превртел.
Од 45-те патници, 26 лица се повредени, од кои петмина се здобиле со потешки повреди. Им била укажана лекарска помош и се задржани на лекување во Медицинскиот центар во Крива Паланка.
МВР ја потврди сообраќајката и работи на утврдување на причините за несреќата.
