За 24 часа издадени 1.133 потврди за азил

03.02.2016 11:41

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија-407, потоа на 389 државјани на Авганистан и на 337 на државјаните на Ирак.

За 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.133 странски државјани, од кои 478 од машки и 239 од женски пол, како и на 416 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, соопшти МВР.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија-407, потоа на 389 државјани на Авганистан и на 337 на државјаните на Ирак.

Од почетокот на годинава издадени  се потврди на вкупно 55.477 странски државјани, од кои 22.939 се од машки пол, 11.967 се од женски и 20.469 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-27.429, Авганистан-17.447 и Ирак-10.598. 

Во истиот период до Секторот за азил, барање за признавање на право на азил поднеле седум лица (пет од Авганистан и две од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда.