Почнува судењето за кумановските настани

09.02.2016 08:31

На обвинетилната клупа ќе седнат 29-мина. Ќе им се суди за тероризам и за нарушување на уставниот поредок...

Почнува судењето за кумановските настани од мај минатата година. На обвинетилната клупа ќе седнат 29-мина. Ќе им се суди за тероризам и за нарушување на уставниот поредок.

Претходно,  во текот на постапката, сите обвинети се изјаснија за невини, а одбраната тврдеше дека обвинението е неосновано.

На 9-ти и 10-ти мај, во кумановската населба „Тоде Мендол“ се судрија припадници на вооружена група и македонските безбедносни сили. Загинаа 8 полицијаци, 30-ина беа повредени.