Од почетокот на годинава издадени над 70 илјади потврди за азил

09.02.2016 11:31

Најбројни се државјаните на Сирија-34.238, Авганистан-22.097 и Ирак-14.080...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.393 странски државјани, соопшти МВР. Најмногу потврди се издадени на државјани на Сирија- 1.055, потоа на 802 државјани на Авганистан и на 536 државјани на Ирак.

Од почетокот на годинава издадени  се потврди на вкупно 70.418 странски државјани, од кои 28.560 се од машки пол, 15.233 се од женски и 26.483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 142  деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-34.238, Авганистан-22.097 и Ирак-14.080.

Во истиот, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.