Почна судскиот процес за настаните во кумановската „Дива населба“
29 обвинети одговараат за тероризам и нарушување на уставниот поредок на државата. На седми декември минатата година, сите обвинети пред Советот на судии од Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото тероризам.

Во скопскиот Кривичен суд почна судскиот процес за настаните во кумановската „Дива населба“. 29 обвинети одговараат за тероризам и нарушување на уставниот поредок на државата. На седми декември минатата година, сите обвинети пред Советот на судии од Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото тероризам.
На 9-ти и 10-ти мај во кумановската населба Тоде Мендол, вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, четириесетина беа тешко повредени, а десет лица од вооружената група беа убиени.
Под силно полициско обезбедување се одвива судскиот процес против 29-мината обвинети. Околу комплексот судови се распределени бројни полициски сили, местото го надлетуваше и хиликоптер. Темелна проверка се вршеше на влезот од судот.
