Нови 20 хрватски полицајци на јужната граница

09.02.2016 13:23

Ова е дел од договорот меѓу хрватската, австриската, словенечката, српската и македонската полиција постигната во минатата недела во Скопје.

За намалување на бегалскиот бран, Хрватска испраќа нови 20 полицајци на македонската јужна граница, кадешто веќе се распоредени петмина. Ова е дел од договорот меѓу хрватската, австриската, словенечката, српската и македонската полиција постигната во минатата недела во Скопје.

Според директорот на хрватската полиција, Владо Доминиќ, наскоро Хрватска веќе нема да ги сместува бегалците бидејќи тие, според Доминиќ, директно ќе бидат транспортирани од Македонија во Австрија.