Курц: ЕУ е подготвена да им помогне на Македонија и Србија да го намалат бројот на бегалците

09.02.2016 13:34

Во рамките на турнејата низ земјите на Западен Балкан, австрискиот министер за надворешни работи, в петок е во посета на Македонија.

Можна е промена на состојбата со бегалската криза. Европската унија е подготвена да им помогне на Македонија и на Србија да го намалат бројот на бегалците, изјави во Белград, шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, по средбата со српскиот премиер Вучиќ.

Курц потенцирал дека треба да се преземаат мерки на национално ниво, но и да се соработува со некои земји, меѓу кои и со Грција. Сепак, според него, треба да се почекаат  промените во Грција за да може Унијата да и помогне.

Во рамките на турнејата низ земјите на Западен Балкан, австрискиот министер за надворешни работи, в петок е во посета на Македонија.