Почнува изградбата на фабриката на „Хај-тек“ во Бунарџик

17.02.2016 12:36

Станува збор за прва домашна инвестиција во слободната економска зона, вредна 20 милиони евра. Во план е да се отворат 300 работни места...

Во Бунарџик почнува да се гради фабриката на „Хај-тек“, прва домашна инвестиција во слободната економска зона, вредна 20 милиони евра. Во план е да се отворат 300 работни места.

„Хај-тек“ е компанија која е добавувач на голем број светски компании од автомобилскиот сектор. Произведува електронски печатени плочи како основа на која се вградуваат компоненти од типот на микропроцесори, отпорници, кондензатори и транзистори.

Производите ќе бидат наменети за европскиот пазар.