Нови напади на турските безбедносни сили

19.02.2016 16:30

Турската влада обвини дека КПП стои и зад предходните напади при што презеде масовни бомбардирања на нивните позиции.

Додека Турција ги бара виновниците за нападите кои што минатите два дена ја потресоа турската и светската јавност, денеска нов напад, двајца турски војници и еден полицаец се убиени во напад на курдските екстремисти во Дијарбекир, на југоистокот на земјата.

Во соопштението на турската војска се наведува дека екстремисти од Работничката партија на Курдистан, која е забранета во Турција го извршиле нападот. Турските безбедносни спречиле и голем тероистички напад кој требало да биде извршен во анкара, отккао во возило во близина на градот диџле, нашле 500 килограми експлозив.

„Ќе продолжиме да ги информираме медиумите за текот на истрагата. Ветувам дека наскоро  ќе дознаеме кој стои зад овој напад“, изјави турскиот заменик премиер Нуман Куртумлус.  

Турската влада обвини дека КПП стои и зад предходните напади при што презеде масовни бомбардирања на нивните позиции.

„Нашите сојузници од меѓународната заедница мора да сфатат колку е јака Курдската работничка партија. Ние имаме и докулменти дека некои од нив се поврзани со оваа организација“, изјави турскиот претседател Ердоган.

Во меѓувреме турската полиција врши големи рации и апси осомничени. Седумнаесетмина се приведени за нападот во анкара, но според полициски извори има уште осомничени.

Претедателот Ердоган изјави дека воопшто не постои сомнеж дека зад нападите стои Курдската работничка партија, при што ги обвини западот дека не сакаат да ја окарактеризираат како терористичка група.

Воедно најави телефонски разговор со претседателот Обама со цел да го предупреди дека се сигурни дека официјален Вашингтон им дава оружје на овие организации.

И турскиот министер за внатрешни работи Чавашоглу ги обвини САД, дека мора да престаната да ја повторуваат грешката, односно да ги прекине врските со курдските бунтовници.

 

Марија Петковска