За 24 часа издадени 210 потврди за азил
Според државјанството, потврди се издадени на 158 државјани на Сирија и на 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 210 странски државјани, од кои 76 од машки и 39 од женски пол, како и на 95 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.
Според државјанството, потврди се издадени на 158 државјани на Сирија и на 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 87.840 странски државјани, од кои 34.806 се од машки пол, 19.180 се од женски и 33.639 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 215 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија- 43.253, Авганистан- 26.546 и Ирак- 18.038.
Во истиот пероиод до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда, додека вчера, поднесени се четири барања за признавање на право на азил на државјани на Сирија.
