Откриен царински прекршок во компанија од Битола
При контролата на компанијата, која е во сопственост на правно лице од Хонг Конг, а управител лице од Република Грција, пронајдена е стока со непознат царински статус...

Стока со непознат царински статус во вредност од 947.440 денари и избегнати царински и други давачки од во износ од 278.924 денари, се утврдени при контрола на компанија од Битола - имател на одбрение за царинска постапка, соопшти денеска Царинската управа на Македонија.
При контролата на компанијата, која е во сопственост на правно лице од Хонг Конг, а управител лице од Република Грција, пронајдена е стока со непознат царински статус, која соодветствува на дејноста која ја извршува компанијата и која е формално раздолжена, а физички е присутна во магацините на компанијата.
Се работи за 286,11 метри квадратни кожа од јагне, 1.273 метри квадратни постава, 15,1 килограми футер, 18,9 килограми крзно од ракун во парчиња, 1.445,25 килограми крзно од лисица во парчиња, 5 парчиња составени крзна од лисица и 16 употребувани машини за шиење.
Против компанијата, како и одговорните лица во компанијата е поведена соодветна постапка, соопштуватаат од Царинската управа.
