Вонреден план на ЕУ за справување со бегалската криза
Според Андреева, изработка на вонреден план за бегалскиот проблем во Грција барал претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер...

Портпаролката на Европската Комисија, Мина Андреева изјави дека ЕУ моментално подготува вонредни планови за Грција и другите земји од Балканскиот коридор, за да се избегне хуманитарна криза.
Според Андреева, изработка на вонреден план за бегалскиот проблем во Грција барал претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, за време на состанокот со грчкиот премиер во Брисел на 17-ти февруари. Планот утре во Европската Комисија ќе го предложи еврокомесарот за хуманитарна помош, Христос Стилијанидес.
Станува збор за Фондови кои обично се користат во случај на катастрофа во земјите надвор од Унијата, како што е помошта наменета за зоните на судири во Африка и на Блискиот Исток.
