Подготовки за сеидба на ориз

02.03.2016 10:05

Се подготвуваат плановите за сеидбата на оризот. За месец и половина треба да се пушти водата за наводнување, а дотогаш земјоделците треба да склучуваат додовори со водостопанското претпријатие...

Земјоделците од кочанскиот регион планираат да ги зголемат површините со ориз за скоро 200 хектари. Водостопанство „Брегалница“ од Кочани оваа пролет ќе наводнува 5.000 хектари со оваа култура. Екипи се на терен и работат на санирањето на каналската и на дистрибутивна мрежа со цел сезоната за наводнување да почне навреме, односно на 15 април.

Акомулираните количества вода во Калимнанци и Градче се доволни за почетокот на сезоната за наводнување.

Оризопроизводителите дотогаш ќе треба да склучуваат договори за испорака на вода за оризиштата.

Лани беа ожнеани 24 илјади тони оризова арпа со постигнат просечен принос од 5.600 до 5.800 килограми од хектар. Откупната цена беше ниска поради што субвенцијата беше зголемена од 11 на 2.000 денари по хектар.

 

Методија Трајков