10 илјади бегалци на грчко- македонската граница

02.03.2016 10:08

Две илјади мигранти се истовариле ноќеска во пристаништето во Пиреја и тие организирано со автобуси се транспортираат кон прифатните пунктови на 10-тина километри од јужната македонска граница...

Над 10 илјади бегалци се во шаторите на грчката страна од границата со Македонија и според последните податоци сѐ уште пристигнуваат.

Две илјади мигранти се истовариле ноќеска во пристаништето во Пиреја и тие организирано со автобуси се транспортираат кон прифатните пунктови на 10-тина километри од јужната македонска граница, на потегот од Кукуш до Кожани.

Поради новонастанатата состојба, македонската полиција и војска распоредија нови безбедносни единици на самата граница во близина на граничниот Камен 59.