Продолжува судењето за инцидентите во Куманово

02.03.2016 10:12

Обвинителниот акт ги товари 29-темина обвинети за кривични дела, терористичка организација и тероризам.

Продолжи судењето за тероризмот во Куманово што се случи во мај 2015-та година, при што беа убиени 8-мина припадници на полициските единици, а 42-ца беа ранети.

Обвинителниот акт ги товари 29-темина обвинети за кривични дела, терористичка организација и тероризам.

Во популарно нареченото кумановско „Диво насеље“ два дена траеја престрелките меѓу специјалните единици на македонската полиција со терористичката група која претходно изврши напад врз граничната караула Гошинце.