Случај „Пуч“: Рочиштето одложено за 3-ти мај
Специјалното јавно обвинителство најави и жалба до Апелациониот суд, откако Основниот суд 2 одби да ѝ предаде копии од списите кои се водат како докази, со образложение дека тие се класифицирани.

Рочиштето за случајот „Пуч“ е одложено за 3-ти мај, откако Специјалното јавно обвинителство пред Судот потенцираше дека тие сметаат дека нема услови за отпочнување на расправата.
Специјалното јавно обвинителство најави и жалба до Апелациониот суд, откако Основниот суд 2 одби да ѝ предаде копии од списите кои се водат како докази, со образложение дека тие се класифицирани.
Судското решение и жалбата ги побара и одбраната, меѓутоа судијата одби да им ги достави.
Случајот „Пуч“ опфаќа шестмина обвинети на кои им се суди за шпионажа и за вршење насилство врз највисоките државни функционери. Лидерот на Социјал-демократите, Зоран Заев е четвртообвинет.
