Почнато, па прекинато рочиштето за „Диво насеље“

02.03.2016 13:13

Адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на десетина осомничени, побара од судот да биде одложено рочиштето додека не се обезбедат услови и поголем простор при судењето.

Продолжи судењето за терористичките активности против обвинетите во судскиот процес „Диво насеље“. До Судскиот совет на денешното рочиште адвокатите побараа, роднини на обвинетите и новинарите да бидат во иста просторија поради остварување на начелото на транспарентност.

Адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на десетина осомничени, побара од судот да биде одложено рочиштето додека не се обезбедат услови и поголем простор при судењето.

Тој и уште двајцата адвокати го напуштија рочиштето, по што судот најави парични казни за нив.