Презентација на стипендии за студии на универзитетите во Русија
03.03.2016 08:52
Ќе бидат презентирани видот, критериумите и условите за стипендиите за додипломски, магистерски и докторски студии...

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе ги презентира стипендиите за македонските граѓани, кои ги доделува Владата на Руската Федерација за студии на универзитетите во Русија.
Како што е најавнео, ќе бидат презентирани видот, критериумите и условите за стипендиите за додипломски, магистерски и докторски студии.
