Северна Кореја: Превентивен напад доколку се спроведат вежбите

07.03.2016 12:02

Претходно Пјонгјанг ги отфрли санкциите на СБ на ОН како „неправедни, незаконски и неморални“ и се закани дека и натаму ќе го зајакнува својот нуклеарен арсенал.

Северна Кореја се закани со „превентивен нуклеарен удар на правдата“ против Јужна Кореја и САД доколку ги спроведат денешните планирани заеднички воени вежби.

Претходно Пјонгјанг ги отфрли санкциите на СБ на ОН како „неправедни, незаконски и неморални“ и се закани дека и натаму ќе го зајакнува својот нуклеарен арсенал.

Лидерот Ким Јонг-Ун нареди нуклеарниот арсенал во државата да биде во приправност за да може да се употреби во кој било момент.