Камерон: Три воени брода во Егејското Море

07.03.2016 12:55

Изјавата доаѓа непосредно пред европската средба на врвот во Брисел посветена на миграциската криза.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека ќе бидат испратени три воени бродови на британските сили коишто ќе учествуваат во операции на НАТО во Егејското Море против криумчарењето мигранти.

Изјавата доаѓа непосредно пред европската средба на врвот во Брисел посветена на миграциската криза.

Европските лидери ќе имаат средба и со турскиот премиер Давутоглу за да извршат притисок врз Турција за да и помогне на Европа за справување со кризата.