Јолевски во Хрватска и Словенија

09.03.2016 08:50

За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Јолевски ќе оствари повеќе средби...

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Хрватска и Словенија.

За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Јолевски ќе оствари повеќе средби, меѓу кои и со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, со хрватскиот министер за одбрана, Јосип Буљевиќ, како и со министерот за одбрана на Словенија, Андреја Катиќ.