Повик за финансирање на рибарството
Објавен е јавен повик за субвенции во рибарството. Средствата се одобруваат за повеќе мерки за изградба и реконструкција на риболовни пунктови и рибници. Повикот трае до крајот на овој месец.

Сопстевениците на рибници може да поднесуваат барање за субвенционирање на производството.
За изградба на нови и реконструкција на постојните риболовни пунктови се предвидени 1,5 милиони денари, за опрема 500.000 и 1,2 милиони денари за изградба и реконструкција на мандрите за традиционален лов во Дојранско Езеро.
Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да потпишат договор за ко-финансирање со платежната Агенција.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 31 март 2016 година, а доколки има помалку средства од поднесените барања предност ќе имаат оние кои први аплицирале.
Методија Трајков
