Затворена балканската рута, нема влез на нови бегалци и мигранти на јужната граница
Во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија веќе повеќе од 50 часа нема влез на нови бегалци и мигранти...

Словенија од полноќ ја затвори границата и нема да прима мигранти без валидни пасоши и визи, со што практично ја блокира балканската рута. Истите мерки ќе ги применува и Србија на границите со Македонија и со Бугарија, соопштуваат од српското МНР.
Имајќи го предвид новиот режим што го применува членка на Европската Унија, Србија не може да дозволи да стане собирен центар за бегалците, така што сите мерки ќе ги усогласува со ЕУ, и реципрочно ќе ги применува на својата јужна и источна граница, кон Македонија и кон Бугарија, се наведува во соопштението на српското Министерство за надворешни работи.
Во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија веќе повеќе од 50 часа нема влез на нови бегалци и мигранти. Министерот за надворешни работи Никола Попоски неодамна изјави дека Македонија сите мерки ќе ги усогласува со ЕУ и реципрочно ќе ги применува на својата јужна и северна граница.
