Изминатото деноноќие не се издадени потврди за барање азил

09.03.2016 11:07

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани...

Во текот изминатото деноноќие не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија - 44.734, Авганистан - 26.546 и Ирак - 18.337.

Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во текот на изминатото деноноќие, пак, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.