Европскиот Парламент ќе расправа за Македонија

09.03.2016 13:06

Комисијата за надворешни работи на ова тело, минатиот понеделник со 42 гласа „за“ и девет „против“ ја усвои резолуцијата, во која известувачот Иво Вајгл предлага до Европскиот Совет отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Расправата за Македонија се очекува во доцните вечетни чеасови, кога на дневниот ред на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур ќе се најде извештајот за Република Македонија за 2015 година.

Извештајот, односно нацрт-резолуцијата веќе беше усвоена  од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент минатата седмица со 42 гласа „за“ и девет „против“ ја усвои предложената Резолуцијата, во која известувачот Иво Вајгл предлага до Европскиот совет отворање на преговорите за членство во Европската унија.

Ова ќе биде седма последователна препорака Република Македонија од Европскиот парламент до Европскиот совет за отпочнувањето на преговорите со Република Македонија.

Резолуцијата на Европскиот парламент ќе треба да се гласа утре и таа се однесува на извештајот за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите што пред крајот на минатата година го поднесе Европската комисија. 

Покрај предложениот нацрт текст од Иво Вајгл, за резолуцијата се предложени и 17 компромисни амандмани, со што таа ќе го добие конечниот формат.

Во резолуциајта препорака за преговори е условена која зависи од успешно завршување на политичката криза со успешно организирани избори на 5-ти јуни.

 

Тони Гламчевски