Отпуштените од прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија и денеска протестираат

09.03.2016 15:01

Причината за нивниот отпуст ја гледаат во финасирањето. Досега ги плаќале УНХЦР, а сега тие средства се во рацете на Министерството за труд и социјална политика. Велат, не го отстапуваат кампот, и ќе продолжат да чистат за парче леб.

Отпуштените од транзитниот прифатен центар „Винојуг“ и денеска протестираа пред кампот. Изразија револт, затоа што ресорната министерка негирала дека постојат.

Причината за нивниот отпуст ја гледаат во финасирањето.  Досега ги плаќале УНХЦР, а сега тие средства се во рацете на Министерството за труд и социјална политика. Велат, не го отстапуваат кампот, и ќе продолжат да чистат за парче леб.

Вкупно 44 вработени во кампот „Винјуг“ веќе неколку дена протестираат, со барање како што кажаа, да добијат одговор зошто не е најдено решение за тие да бидат вратени на работа, иако станува збор за лица кои се обучени, вакцинирани и работеле во кампот од почетокот на неговото поставување.

Тие, како што велат, биле најзаслужни за високото ниво на хигиената додека во него дневно минувале и по 15 илјади луѓе.