ФАО: 34 земји немаат доволно храна за населението
10.03.2016 11:55
Во извештајот се истакнува дека сушата е поврзана со климатската појава Ел нињо.

Вкупно 34 земји во светот, од кои 80 проценти се од Африка, немаат доволно храна за населението поради конфликти, суша и поплави, се наведува во објавениот извештај на организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.
Во извештајот се истакнува дека сушата е поврзана со климатската појава Ел нињо.
Според прогнозата на Обединетите нации, за производството на пченица во 2016 година ќе биде десет милиони тони помалку од рекордната жетва во 2015 година.
