Престрелка во Пенсилванија, најмалку пет жртви

10.03.2016 12:34

Напаѓачите побегнале, а полицијата е во потрага по нив. Очевидци велат дека слушнале најмалку 20 истрели и дека најмалку двајца мажи учествувале во нападот...

Најмалку пет лица се убиени, а неколкумина се повредени при престрелка во американската држава Пенсилванија. Четири жени и еден маж биле застрелани од непознати напаѓачи во кварт во Вилкинсбург.

Напаѓачите побегнале, а полицијата е во потрага по нив. Очевидци велат дека слушнале најмалку 20 истрели и дека најмалку двајца мажи учествувале во нападот.

На местото на инцидентот се испратени голем број полицајци и медицински возила.