Случај „Ќелија“: Јавна седница за оцена на обвинителниот акт
Обвинителството на почетокот на февруари поднесе обвинителен акт против 11 лица опфатени во предметот познат како „Ќелија“. Се товарат за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

На барање на одбраната, денеска во кривичниот суд се одржува јавна седница за оцена на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“. Одбраната на обвинетите тврди дека поднесеното обвинение е паушално, а од обвинителството, пак, велат дека се собрани сите докази потребни за да се поднесе обвинителниот акт и дека оцената за издржаноста на обвинението е во рацете на судот.
Обвинителството на почетокот на февруари поднесе обвинителен акт против 11 лица опфатени во предметот познат како „Ќелија“. Се товарат за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.
По разгледувањето на предлозите на Обвинителството и жалбата на одбраната, советот за оцена на обвинителниот акт при Кривичниот суд треба да донесе одлука дали ќе го прифати обвинителниот акт и ќе закаже главна расправа на која во контрадикторна постапка ќе се решаваат прашањата што се предмет на испитување и оцена, или ќе го одбие обвинителниот акт.
Акцијата „Ќелија“ беше спроведена од МВР во август 2015 година. Во неа беа уапсени девет лица кои биле следени од септември, односно откако во земјава се овозможија услови за гонење на лицата кои учествуваат во странски војски на боиштата на Блискиот исток.
Казната за делото „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ кое им се става на товар на обвинетите изнесува 5 години затвор.
