Утре последен рок за запишување на нови земјоделски стопанства
Утре е последниот рок до кога новите земјоделци и фирми треба да се запишат во регистарот на земјоделски стопанства. Ова е услов за добивање субвенции. Обврската ја имаат и оние кои направиле промени во сопственичката структура...

До утре земјоделците и новите земјоделски фирми доколку сакаат да добиваат субвенции од државта ќе мора да се впишат во регистарот за земјоделски стопанства.
Оваа обврска ја имаа и оние кои направиле промени во сопственичката структура.
Добивањето на субвенциите во сточарството зависи од бројната состојба на добитокот запишана во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни на денот на поднесувањето на барањето за субвенции.
Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството за замјоделство каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.
Методија Трајков
