Брегалница се излеа кај Таринци
14.03.2016 10:16
Најголемата акумулација во овој дел на земјата, Калиманци, прелива, но дотокот на вода е намален во однос на претходните денови.

Надојдените води на Брегалница го поплавија патот кон селотот Таринци, а водата ги покри и оризовите полиња. Општината Чешиново–Облешево изгради неколку потпорни ѕида за да ги спречи поплавите, а прекопани се и каналите за да се спречи излевањето на водата во населените места.
Најголемата акумулација во овој дел на земјата, Калиманци, прелива, но дотокот на вода е намален во однос на претходните денови.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, налмногу воден талог во последниве 24 часа наврнале во Гевгелија- 41 литар на квадратен метар, во Маврово биле измерени 27, во Демир Капија- 26.
