Обиколницата Битола- Ресен е во прекин
14.03.2016 10:19
Расчистено е и свлечиштето на патниот правец Кочани-Делчево, додека поради свлечиште, сообраќајот во двата правца на обиколницата Битола-Ресен е во прекин и се користи алтернативен пат.

Дождливото време предизвика повеќе одрони на патиштата во земјава. Екипите на „Македонија“ пат го расчистија одронот кај Удово и сообраќајот е нормализиран.
Расчистено е и свлечиштето на патниот правец Кочани-Делчево, додека поради свлечиште, сообраќајот во двата правца на обиколницата Битола-Ресен е во прекин и се користи алтернативен пат.
Поради интензивните врнежи од снег беше воведена и забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, но од изутринава е укината.
