На полноќ се затвора веб- апликацијата за проверка на избирачкиот список
Сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во избирачкиот список на веб страницата, ќе можат тоа и понатаму да го направат преку подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Се затвара опцијата за пријавување на неконзистентни записи во избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија. Како што се вели во вчерашниот писмен допис, ова е решено бидејќи за пристигнатите пријави е потребно време ДИК соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка.
Сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во избирачкиот список на веб страницата, ќе можат тоа и понатаму да го направат преку подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки, ДИК ќе го разгледа на седница на 16-ти март. До синоќа можноста да пријават нерегуларности во податоците во избирачкиот список ја искористиле околу 5.000 граѓани.
