Русија почна да ја повлекува воената опрема од Сирија
15.03.2016 10:26
Рускиот претседател Путин вчера нареди повлекување на поголемиот дел на руските сили од Сирија, додавајќи дека воената интервенција во главно ги постигнала своите цели.

Русија почна да ја повлекува својата воена опрема од Сирија. Во соопштението на Министерството за одбрана во Москва се наведува дека техничкиот персонал на воената база почнало со подготовка за лет до матичните бази во Руската Федерација.
Рускиот претседател Путин вчера нареди повлекување на поголемиот дел на руските сили од Сирија, додавајќи дека воената интервенција во главно ги постигнала своите цели.
Тој исто така истакна и дека Русија треба да ја интензивира улогата во мировниот процес за да се стави крај на судирите во Сирија.
