Ердоган: Поддржувачите на тероризмот се терористи

15.03.2016 12:13

Не само човекот кој го повлекол чкрапалото, туку и оние кои тоа го направиле можно треба да бидат класифицирани како терористи, изјави претседателот по новиот бомбашки напад во Анкара...

Турскиот претседател Ердоган смета дека поддржувачите на тероризмот се виновни исто како и напаѓачите. Не само човекот кој го повлекол чкрапалото, туку и оние кои тоа го направиле можно треба да бидат класифицирани како терористи, изјави претседателот по новиот бомбашки напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица, и додаде дека поддржувачите можат да се новинари, пратеници или активисти.

Инаку рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера за телевизијата „Рен“ изјави дека Москва располага со докази за присуството на турски вооружени сили на сириска територија, потсетуваат британските медиуми.

Турската армија ги отфрли овие обвиненија.