Клучни денови за Трамп

15.03.2016 12:15

Фаворитот за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп се подготвува за клучната недела од прелиминарните избори.

На изборите во Охајо, Илиноис, Мисури, Северна Каролина и на Флорида, Трамп и неговите ривали денеска ќе се борат за повеќе од една четвртина од вкупно 1.237 делегати потребни за номинација.

Тед Круз изјави дека само тој може да го спречи Трамп да го освои потребното мнозинство делегати. Тој додаде и дека номинацијата на Трамп за републикански кандидат ја гарантира победата на демократите, односно на Хилари Клинтон на изборите, што, како што тврди, ќе ја уништи земјата.