Мајка Тереза во септември ќе биде прогласена за светица
15.03.2016 13:22
Мајка Тереза е добитничка на Нобеловата награда за мир, и хуманитарен работник во Индија, па се претпоставува дека папата ќе ја канонизира Мајка Тереза во Калкута.

Ватикан ќе ја прогласи македонката мајка тереза за светица на 4 септември годинава. Денеска Папата Францис го потпиша декретот, кој потоа ќе биде објавен од комитетот на Светата Столица.
Мајка Тереза е добитничка на Нобеловата награда за мир, и хуманитарен работник во Индија, па се претпоставува дека папата ќе ја канонизира Мајка Тереза во Калкута.
Некои информации посочуваат дека церемонијата ќе биде одржана во Рим.
На беатификацијата на Мајка Тереза, односно Гонџа Бојаџиу, во Рим во 2003-та година присуствуваа 300 илјади верници.
