ЕК: Атина подобро да ги менаџира границите

15.03.2016 14:14

Неформалната влада на Унијата побара Атина подобро да ги чува границите, за да се избегнат инциденти како вчерашните.

Брисел со повик да се почитува договореното за распределба на бегалците меѓу земјите – членки за да се намали притисокот врз Грција. Неформалната влада на Унијата побара Атина подобро да ги чува границите, за да се избегнат инциденти како вчерашните.

„Ги видовме трагичните слики и последиците од ваквите обиди, кои резултираа со давење на мигранти во река во ПЈР Македонија. Правиме сѐ што е можно да го намалиме ризикот од слични инциденти. Ќе ја споменам помошта што ја доставуваме, финансиските ресурси кои им се на располагање на луѓето на терен за да го олесниме приемот и сместувањето во прифатните центри. Сакам и да ве потсетам на последната изјава од шефовите на држави и на влади во која е наведено дека Грција треба да работи на управувањето со надворешните граници, вклучувајќи ги и границите со ПЈР Македонија и со Албанија, каде што ситацијата не е задоволителна. Во однос на новинарите, слушнавме за вчерашниот инцидент, разбравме дека се ослободени. Комисијата секогаш ја поддржува работата на новинарите, но мора да се има предвид дека властите мораат да ги управуваат границите, за да се осигура дека правилата се почитуваат и дека илегално не се минуваат границите“, изјави Мина Андреева, заменик портпарол на ЕК.