Претседателот Иванов го свика Советот за безбедност во проширен состав
15.03.2016 15:04
Покрај постојаните членови, се повикани и претставниците од полицискиот и од армискиот врв, како и лидерите на четирите големи партии во земјава.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го свика Советот за безбедност, на кој ќе се расправа за актуелната состојба во земјава. Советот ќе биде во проширен состав.
Покрај постојаните членови, се повикани и претставниците од полицискиот и од армискиот врв, како и лидерите на четирите големи партии во земјава.
Главна тема ќе биде илегалната имиграција, насочена од територијата на ЕУ кон Македонија.
Вчера попладне, околу 2 илјади мигранти влегоа од грчка територија илегално на македонска, кај пограничното село Моин.
