Убиена Македонка во терористички напад во Брегот на Слоновата Коска

15.03.2016 15:21

Митровска ја почнала мисијата во оваа африканска земја лани, таму работела како менаџер на камп, а претходно работела во ОН во Авганистан.

Канцеларијата на ОН го потврди убиството на македонската државјанка Анита Андреевска Митровска, една од жртвите на терористичкиот напад на Ал Каеда во Гранд Басам, во Брегот на Слоновата Коска.

Митровска ја почнала мисијата во оваа африканска земја лани, таму работела како менаџер на камп, а претходно работела во ОН во Авганистан.

Во нападот на Ал Каеда загинаа 16 лица, од кои четворица биле европејци. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, министерот за надворешни Никола Попоски упатија телеграми со сочувство до семејството на загинатата Митровска.