Субвенции за градинарство

16.03.2016 10:14

Градинарите субвенциите од државата може да ги добијат по 4 основи. За производство на отворено, за производство во пластеници, во контролирани услови и за предадениот зеленчук во домашните преработувачки капацитети...

Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари имаат право на субвенција од 30.000, а за лубеници и дињи 6.000 денари по хектар.

Дополнителни директни плаќања можат да добијат производителите на домати, пиперки, краставици и режано цвеќе во контролирани услови.   

Висината на поддршката изнесува 90.000 денари по хектар за производството кое е продадено на домашен пазар или е извезено во периодот од 1 јануари до 15 мај 2016 година.

За зеленчукот предаден во преработувачките капацитети од март до  декември 2016 година, се добива по 1,5 денари, а за пиперки и за корнишони по 3 денари за килограм.  

 

Методија Трајков