Британскиот министер за Европа во посета на Македонија
16.03.2016 10:24
Ќе има средби со заменик претседателот за евроинтеграции Фатмир Бесими, со шефот на дипломатијата Попоски и со лидерите на четирите политички партии...

Британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон е во работна посета на Македонија.
Ќе има средби со заменик претседателот за евроинтеграции Фатмир Бесими, со шефот на дипломатијата Попоски и со лидерите на четирите политички партии, ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА и со лицата задолжени за прашања поврзани со мигрантската криза.
Ќе учествува и на форумот на цивилно општество во ЕУ- инфорцентарот.
