Уапсени над 160 лица во немирите во Истанбул
21.03.2016 16:44
Според полицијата, уапсени лица палеле автомобилски гуми, поставувале барикади и врз полицијата фрлале камења, петарди и молотови коктели...

Полицијата во Истанбул уапси повеќе од 160 лица, од кои 8 малолетници поради учество во недозволени протести по повод курдската нова година - Невруз.
Според полицијата, уапсени лица палеле автомобилски гуми, поставувале барикади и врз полицијата фрлале камења, петарди и молотови коктели.
Во акциите биле одземени 150 молотови коктели, рачно изработена бомба и други запаливи материјали.
Турските власти оваа година го забранија прославувањето на Невруз во многу градови поради безбедносни причини.
