Уставниот суд ја објави одлуката за помилување
Тоа што претседателот има ваква надлежност, не значи дека би се дало помилување за секој сторител за секое сторено кривично дело– смета мнозинството уставни судии.

Уставниот суд ја објави одлуката со којашто на претседателот му се враќаат одземените ингеренции за помилување за повеќе тешки кривични дела, а која предизвика многу реакции во јавноста и на која и претходеа протести пред судот.
Во образложението на мнозинството е наведено дека воопшто не е спорна опшествената опасност на кривичните дела кои со оспорениот закон се изземени од можноста за давање помилување, но и дека таа не може да прифати како критеирум или причина за таквото изземање, бидејќи општествената опасно е истовремено обележје и на другите кривични дела кои не се изземени.
Тоа што претседателот има ваква надлежност, не значи дека би се дало помилување за секој сторител за секое сторено кривично дело– смета мнозинството уставни судии.
Во издвоеното мислење на судиите кои гласаа против, е наведено дека Уставниот суд, кој е најповикан за да го заштити Уставот, со оваа одлука самиот го повредува, со што се доведувало во прашање владеењето на правото.
